Нова магистерска програма „Визуелни комуникации“ на Факултетот за ликовни уметности – Скопје

Факултетот за Ликовни Уметности ги поканува и силно ги охрабрува дипломираните студенти и младите уметници да го продлабочат своето знаење и унапредат своите вештини во областа на современите

Факултетот за ликовни уметности – Скопје со гордост ја најавува новата студиска програма од втор циклус студии (магистерски студии) по Визуелни комуникации, која ќе започне од академската 2025-2026 година.

Во свет во кој визуелната комуникација е јазикот на иднината, уметноста и дизајнот не се веќе само форми на естетски израз –  тие се моќни медиуми што ги раскажуваат приказните на општеството и на човекот, ги предизвикуваат нормите, создаваат нови вредности и се афирмираат како највлијателен канал за создавање и пренос на идеи. Но, дали знаете како свесно да ги прочитате туѓите визуелни пораки – и уште поважно – дали знаете како креативно, јасно и ефективно да ги обликувате сопствените?

Новата студиска програма од втор циклус по „Визуелни комуникации“ нуди токму таква можност за новите студенти. Програмата нуди надоградување на уметнички вештини и самостојно творештво, развивање на визуелниот критички јазик, но и потик за студентите да станат креатори на уметност што ќе има вистинско влијание во чекор со современите уметнички и општествени текови не само меѓу уметничката фела, туку и во пошироката јавност.

Студентите ќе имаат можност да го прошират стекнатото знаење од првиот циклус студии по сликарство, вајарство, графика, ликовна педагогија или сродни студиски програми, и да ги развијат своите способности за критичко размислување, истражување и креативно изразување преку нови медиуми и современи визуелни практики. Преку мултидисциплинарен пристап, студентите ќе се стекнат со напредни знаења во областа на визуелните комуникации, трансмедиумските истражувања, теоријата на визуелни комуникации, новите медиуми и дигиталната уметност. Наставата е креирана како индивидуален и групен процес, кој го следи и поттикнува личниот развој и автентичниот уметнички израз на секој студент со поддршка на докажан и квалитетен професорски кадар.

Факултетот за Ликовни Уметности ги поканува и силно ги охрабрува дипломираните студенти и младите уметници да го продлабочат своето знаење и унапредат своите вештини во областа на современите визуелни и трансмедиумски уметности и да се запишат на новата студиска програма од втор циклус студии (магистерски студии) по Визуелни комуникации. За повеќе информации  околу програмата посетете ја веб страна на Факултетот за Ликовни Уметности http://www.flu.ukim.edu.mk/, испратете порака на info@flu.ukim.edu.mk или јавете се на 02/30 66 779.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни