Нajава за Скопје Design Week

Необична работилница за арт третман на велосипед

Велосипедистите кои сакаат да им дадат козметички третман на своите нови или постари велосипеди и на тој начин да ја подобрат видливоста во сообраќајот можат да ја посетат оваа необична работилница и да си заминат со уникатен дизајн на велосипед

На 14. септември во PUBLIC ROOM во 11:00 часот ќе се одржи работилницата „Козметички третман на велосипед“ која всушност го најавува фестивалот дизајн Skopje Design Week.
Работилницата или козметичкиот третман на велосипед е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и Браникца Јордановска.


Велосипедистите кои сакаат да им дадат козметички третман на своите нови или постари велосипеди и на тој начин да ја подобрат видливоста во сообраќајот можат да ја посетат оваа необична работилница и да си заминат со уникатен дизајн на велосипед. Идејата на работилницата „Козметички третман на велосипед“, е да истражи дел од бесконечните можности за надградба на дизајнот и естетиката на велосипедот.


Сите заинтересирани за овој третман може да се пријават на info@publicroom.org 

Партнер на работилницата е Стопанска Банка Скопје.
“Недела на дизајн” во Скопје е фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Мала Станица, Јавна соба и во книжарницата Литература во Дајмонд Мол.

Мотото на овогодинешното издание е “За новата генерација на Скопје!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни