Најмалку 78 убиени и над 300 повредени во израелските напади на Иран

Израелските воздухопловни сили (ИРА) извршија неколку бранови напади во различни делови на Иран

Најмалку 78 лица загинаа, а 329 се повредени во израелските напади врз станбени области во Техеран, објави Ројтерс, повикувајќи се на ирански медиуми.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа голема операција наречена „Подемот на лавот“ во текот на ноќта, во која извршија напади врз воени цели и локации на нуклеарната програма на Иран.

Израелските воздухопловни сили (ИРА) извршија неколку бранови напади во различни делови на Иран.

Техеран беше исто така цел на нападот, каде што беа убиени неколку високи ирански воени функционери, вклучувајќи го началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили и командантите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, како и бројни нуклеарни научници.

Нуклеарниот објект во Натанз, иранска воена база во северозападниот дел од земјата, исто така беше погоден.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека објектот и објектот за збогатување ураниум во Фордо не биле оштетени во израелскиот напад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни