Наставничка во Калифорнија починала од беснило откако ја каснал лилјак

Лилјакот бил заробен во нејзината училница во средното училиште Бајрант во Дос Палос

Трагично завршил животот на 60-годишната наставничка по уметност Леа Сененг. Иако имала најдобра намера и сакала да го ослободи од нејзината училница, лилјакот ја каснал. Околу еден месец подоцна ѝ се слошило и била ставена во медицински индуцирана кома. Починала четири дена подоцна. Била мајка на едно дете.

Нејзините блиски велат дека таа не покажала никакви симптоми на беснило во деновите по нападот и затоа не побарала лекарска помош. Но неколку недели подоцна се влошила состојбата на Сененг и таа била хоспитализирана. Со испитувања во државната лабораторија за вирусни и рикецијални болести (VRDL), било потврдено дека таа починала од беснило. Во меѓувреме, преку GoFundMe се собираат средства за помош на семејството на Сененг.

Познавачите објаснуваат дека каснувањата од лилјаци можат да бидат неверојатно мали и тешко е да се видат. По допирање на диво животно, препорачуваат веднаш да се измијат рацете и да се прегледа телото за евентуални отворени рани, како и да се побара итна медицинска помош доколку ве касне.

Вирусот на беснило кај луѓето се пренесува преку плунката на заразените животни, вклучувајќи лилјаци, ракуни, лисици и којоти. Почетните симптоми на вирусната болест се треска, главоболка, малаксаност, намален апетит или повраќање. Беснилото има една од највисоките стапки на смртност од сите вируси. Убива околу 70.000 луѓе ширум светот секоја година, главно во земји со несоодветни програми за вакцинација за луѓе и на животни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни