Многу од бебињата коишто се стари неколку дена, но и сите дечиња коишто ќе се родат во текот на оваа година, па се до 2039-та година ќе доживеат да го видат 22 век.
Бета генерацијата ќе биде посветена на заедницата и на заедничката работа за општото добро. Имајќи предвид дека ќе растат со климатските промени, како и со промените на глобалната популација, децата од генерацијата Бета веројатно ќе ја разберат важноста на соработката и акцијата на заедницата. Како резултат на тоа, генерацијата Бета ќе биде повеќе глобално ориентирана, фокусирана на заедницата и соработката отколку порано.
Особено важни за генерацијата Бета ќе бидат иновациите. Оваа генерација постојано ќе размислува како да го направи светот подобро место. Генерацијата Бета располага со ресурси и технологии – на пример вештачката интелигенција. И не е многу, ако се претпостави дека оваа генерација ќе не однесе таму каде што не сме биле досега.
Оваа генерација исто така, ќе порасне во средина во која веќе сме целосно поврзани на сите можни начини, каде што дигиталниот свет е дел од нашето секојдневие. Следниот бран на технолошки напредок, веруваат истражувачите, незабележливо ќе се интегрира во начинот на кој оваа генерација комуницира со светот, така што ќе биде генерација „обликувана од свет заситен со технологија“. Се помалку забележливи ќе бидат границите меѓу физичкиот и дигиталниот свет.
Социјалните врски на Бета генерацијата ќе бидат обликувани од влијанието на технологијата, но она што ќе биде поинаку е тоа што тие исто така ќе посветат големо внимание на изработката на безбедни, смислени дигитални идентитети, а истовремено ќе одржуваат силно чувство за индивидуалност и во дигиталниот простор, како и во реалните интеракции. Оваа генерација ќе порасне со родители кои ја разбираат важноста и значењето на дигиталното поврзување, а истовремено се свесни за потенцијалните стапици на технологијата, така што генерацијата Бета веројатно ќе порасне со силно чувство за идентитет.
Според некои проценки, до 2035 година, Бета генерацијата ќе сочинува 16 отсто од светската популација.