Пакистанецот кој се обиде да убие две лица пред поранешната редакција на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ (Charlie Hebdo) во септември 2020 година денес беше осуден на 30 години затвор, соопшти судот во Париз.
Захир Махмуд (29) беше прогласен за виновен за обид за убиство и злосторничко здружување, бидејќи со нож за месо тешко повредил две лица во Париз пред поранешната редакција на весникот, мислејќи дека се новинари на „Шарли Ебдо“.
Овој инцидент се случи пет години по терористичкиот напад на весникот, на 7 јануари 2015 година.
Браќата Саид и Шериф Куаиши тогаш ја нападнаа редакцијата на парискиот неделник и убиja 12 луѓе. Tие беа убиени следниот ден, а редакцијата, која продолжи со сатира и критика на општеството, инсистирајќи дека нема табуа, сега се наоѓа на непозната локација која постојано е под полициско обезбедување.