Целта е да се воспостави посилна соработка меѓу активните чинители, да се споделат искуства и идеи и да се креираат идни заеднички иницијативи за поеколошка и поодржлива урбана мобилност.
Според „Гоу Грин“, интересот за велосипедизмот постојано расте – се повеќе градови инвестираат во велосипедска инфраструктура, се нудат субвенции за велосипеди, а локалните заедници организираат се повеќе настани посветени на оваа зелена форма на движење. Охрабрувачки е и зголемениот интерес кај градоначалниците да ги слушнат потребите на велосипедистите – тренд кој, според организаторите, ќе продолжи и по претстојните локални избори.
За учество или повеќе информации: info@bidizelen.org