Супербоулот не беше само спектакл за љубителите на американскиот фудбал и филмофилите имаа своја причина за прослава. Во тек на преносот беше прикажан новиот трејлер за долго очекуваниот филм „Mission: Impossible – The Final Reckoning“.
Акционата франшиза со Том Круз во главната улога се врати во голем стил, а 30-секундниот трејлер, емитуван на 9-ти февруари, донесе адреналински поглед на осмото продолжение на серијата. Во трејлерот гледаме спектакуларни егзибиции во кои Круз, односно неговиот култен лик Итан Хант, изведува луди акциони сцени на копно, во вода, па дури и во воздух.
Првиот тизер за овој филм се појави уште во ноември минатата година, кога официјално беше потврден и неговото име. The Final Reckoning доаѓа како продолжение на филмот Dead Reckoning, кој ги остави гледачите со напнат завршеток и многу неотговорени прашања.
Покрај Круз, во филмот се враќаат и познатите лица: Есаи Моралес, Хејли Атвел, Винг Рејмс, Сајмон Пег, Ванеса Кирби, Пом Климентиеф и Хенри Черни ќе ги повторуваат своите улоги. Исто така, Анџела Басет се враќа како Ерика Слоан, по последен пат видена во Mission: Impossible – Fallout.
Нови лица во серијата се придружуваат и Ник Оферман, Хана Ведингам, Кејти О’Брајан, Холт Мекалани, Трамел Тилман и Џенет МекТир, известува Index.
„Mission: Impossible – The Final Reckoning“ во кината ќе пристигне на 23-ти мај 2025 година.