Претседателот на извршниот одбор на австриската градежна компанија Страбаг, Клеменс Хаселштајнер, ненадејно починал во 45. година, јавуваат австриските медиуми. Според соопштението на компанијата Страбаг, Хаселштајнер починал „ненадејно и неочекувано“, а причината за смртта била природна смрт. Неговите функции во компанијата привремено ги презеле другите членови на управниот одбор.
Страбаг е една од најголемите градежни компании во Европа со 86.000 вработени и е присутна во бројни земји. Во 2024. година оствариле промет од 19 милијарди евра.
Семејството Хаселштајнер поседува 31% од компанијата, додека 24% од акциите ги поседува рускиот олигарх Олег Дерипаска, чијашто сопственост е моментално замрзната поради санкции.
Клеменс Хаселштајнер бил еден од четирите синови на поранешниот политичар и претседател на управниот одбор на Страбаг, Ханс Петер Хаселштајнер. Тој на местото претседател на управниот одбор дошол на почетокот на 2023 година, а еден од неговите цели биле да ја направи компанијата климатски неутрална.