„Mousai“- Три години енергија, музика и заедништво

Гостин на прославата на третиот роденден на „Mousai“ во „Епицентар“ ќе биде SERA J (@sera  j_music), познат и како Димитриос Серасидис, музичар, техно композитор и диџеј од Солун, Грција. Неговиот звук е динамична фузија на моќни басови, енергични ритми и комплексни, заводливи детали кој е длабоко инспириран од наследството на детроит техното.

Колективот „Mousai“ на 8 март ќе го прослави својот трети роденден во клубот „Епицентар“. Гостин ќе им биде SERA J (@sera  j_music), познат и како Димитриос Серасидис, музичар, техно композитор и диџеј од Солун, Грција.

„Во изминатите три години, останавме посветени на нашата визија, носејќи на сцената исклучиво женски диџеи и артисти, создавајќи простор каде што женската енергија доминира и инспирира. Но, оваа година решивме да го промениме концептот со што ги поместуваме нашите граници уште повисоко и ја прошируваме нашата визија за музичка разновидност. За првпат, ја отвораме нашата платформа за еден посебен гостин – првиот машки артист кој ќе ја сподели својата визија со Mousai“ велат девојките од „Mousai“.


Звукот на SERA J. е динамична фузија на моќни басови, енергични ритми и комплексни, заводливи детали кој е длабоко инспириран од наследството на детроит техното.

Со импресивни изданија на реномирани издавачки куќи како Mutual Rytm, Life in Patterns и Projekts, тој веќе има обезбедено место на глобалната музичка сцена. Неговите траки добиваат огромна поддршка од водечки артисти ширум светот, редовно се појавуваат на топ листи и стануваат дел од безброј диџеј сетови.

Гледајќи напред, неговата траекторија останува светла, со неколку возбудливи ЕП-а веќе закажани за издавање подоцна оваа година.

Во пресрет на незаборавна ноќ исполнета со моќен звук и роденденска енергија, која се подготвува во „Епицентар“, направивме кратко интервју со е SERA J.

Tрн: Дали претходно си бил во Скопје?

SERA J: Да! Всушност, бев во Скопје пред три години со ANNĒ на истиот настан, и беше фантастично! Целата енергија, клубот и гостопримството беа навистина незаборавни. Исто така, слушнав одлични работи за Mousai! Прекрасно е да се види толку страствен колектив како ја турка сцената напред!

Tрн: Твојот звук е моќна комбинација на енергични ритми и длабоки вибрации. Што те инспирира при создавањето музика и како би го опишал својот стил?

SERA J: Мојата инспирација доаѓа од мешавина на различни елементи! Raw емоции, енергијата на публиката и длабоката поврзаност помеѓу ритамот и просторот. Сакам да создадам музика што чувствува како да е жива, каде што хипнотичките грувови се среќаваат со силен погон и пулсирачки ритми. Мојот стил спојува длабоки вибрации и чувство на движење што постојано се развива. Станува збор за доловување на интензитетот додека се одржува моќен грув – нешто што одекнува и физички и емоционално на подиумот.

Tрн: Освен музиката, што друго те исполнува и инспирира во животот? Дали имаш некоја друга страст што те движи напред?

SERA J: Освен музиката, инспирација наоѓам и во другите форми на уметност, а секако и во луѓето. Нивната енергија, приказни и интеракции се постојан извор на инспирација. Без разлика дали станува збор за длабоки разговори, нови средби или силните врски што ги имам со најблиските, човечката поврзаност ја поттикнува мојата креативност и мотивација. Патувањето исто така има огромна улога во мојата креативност – доживувањето на различни култури, атмосфери и начинот на кој луѓето се поврзуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни