(ВИДЕО) Цунамито се приближува: Морето на Хаваите нагло се повлече

Морето долж бреговите на Хаваите нагло се повлече, што според експертите е јасен знак дека опасни цунамиски бранови се приближуваат кон архипелагот. Овој природен феномен се појави откако силен земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала го погоди рускиот полуостров Камчатка.

Според Американскиот сеизмолошки институт, земјотресот се случил на длабочина од 19,3 километри, околу 125 километри оддалечен од градот Петропавловск, кој има околу 165.000 жители и се наоѓа на брегот на заливот Авача.

Цунамиско предупредување за целиот Пацифик

Како резултат на потресот, забележани се цунамиски бранови високи од 3 до 4 метри долж руската обала. Евакуации се спроведуваат во неколку области, вклучително и на источниот брег на Јапонија и на островите на Хаваите.

Според новинарот Брендон Милер од CNN, преку веб камери кои вршат директни преноси од островите Кауаи и Оаху, јасно се забележува драстичен пад на нивото на морето во последниот час. Таквиот нагло повлекување на океанот е препознатлив и сериозен индикатор дека следува удар на главниот цунамиски бран.

Надлежните преземаат мерки

Американската крајбрежна стража во Хонолулу издаде наредба за итно напуштање на пристаништата од страна на сите комерцијални бродови. Пристаништата се затворени за влезен сообраќај, а сите пловила што се наоѓаат во близина на островите треба да останат на отворено море додека не поминат брановите.

Исто така, неколку летови кон Хаваите се пренасочени во воздух, според податоците од веб-страници за следење на летови.

На атолот Мидвеј, кој се наоѓа околу 1.600 километри северозападно од главните хавајски острови, регистриран е пораст на нивото на морето за над 90 сантиметри, информираше Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.

Властите повикуваат на крајна претпазливост и следење на официјалните насоки. Повлекувањето на морето е последно предупредување пред потенцијално катастрофален удар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни