Најмногу беше погодена плажата во селото Поинт Клер, во грофовијата Есекс, каде мештаните беа затекнати од настанот. „Имаше бубамари насекаде“, изјавил еден жител. „Една ми слета на лицето, а другите на моите кучиња.“
Минатиот четврток, рој бубамари дури го прекина и натпреварот во крикет меѓу Англија и Индија на стадионот „Лордс“ во Лондон. Заменик-капетанот на англиската репрезентација, Оли Поуп, по натпреварот рече: „Никогаш не сум доживеал нешто вакво.“
Д-р Хелен Рој, еколог и водечка британска стручњачка за бубамари, вели дека оваа година има исклучително голем број на видови што се хранат со лисни вошки, како седмоточкестата бубамара. „Тоа е резултат на големото присуство на вошки и топлото време“, објаснува таа и додава дека граѓаните пријавуваат бројни случаи преку платформата iRecord, дел од проектот UK Ladybird Survey.
#Ladybird swarm #essex pic.twitter.com/95cOR9kyW6
— Denise Jay (@DeniseJayWrites) July 10, 2025
Научниците ги повикуваат луѓето да поставуваат плитки садови со вода во дворовите за да им помогнат на инсектите и дивите животни во топлите денови. Исто така, ги охрабруваат да не ги отстрануваат вошките од растенијата, бидејќи тие се храна за бубамарите.
Професорот по зоологија Тим Колсон од Универзитетот Оксфорд ги споредува бубамарите со волците: „Како што волците ја регулираат популацијата на елени, така бубамарите ја контролираат популацијата на вошки, кои можат да предизвикаат сериозна штета на растенијата.“
Во 1976 година, за време на најжешкото лето забележано во Велика Британија, над 23 милијарди бубамари го покрија јужниот и источниот брег. Според податоците на Британското ентомолошко и природонаучно друштво, тогаш бубамарите беа присутни во градовите и селата низ целата земја, а имаше и пријавени случаи на угриз.
Професорот Питер Браун од Универзитетот Англија Раскин смета дека ова треба да се гледа како позитивен феномен. „Ова е показател за функционален екосистем“, вели тој.