Метеопатите ги чувствуваат симптомите и до 48 часа пред промената на времето

Метеоропатијата се однесува на неуровегетативни нарушувања кои се јавуваат во одредени климатски услови

Метеоропатијата е феномен кој погодува многу луѓе ширум светот. Се работи за низа на нарушувања поврзани со одредени метеоролошки услови или нагли промени на времето.

Пред неколку стотици години, таткото на медицината, Хипократ, во својата книга „За воздухот, водите и местата“ ја забележал важноста на заштитата на здравјето од штетните влијанија на временските промени. Тој им советувал на пациентите како да се носат со таквите промени и во периоди на метеоролошка нестабилност, им забранувал на пациентите да вадат крв и да прават прочистување на цревата.

Метеоропатијата се однесува на неуровегетативни нарушувања кои се јавуваат во одредени климатски услови. Карактеризирани се со појава на различни групи симптоми и реакции при промена на еден или повеќе метеоролошки фактори. Што се полоши временските услови и што се промените потешки, проблемите се повеќе изразени.

Симптомите на метеоропатијата обично започнуваат да се појавуваат 24 до 48 часа пред промената на временските услови, посебно кај чувствителните лица.

Најчести проблеми поради чувствителноста на временските промени:

  • Физичка слабост, замор
  • Лошо расположение, депресија, малодушност
  • Напнатост
  • Несоница или поспаност
  • Мигрена
  • Вртоглавица
  • Депресија, нервоза или анксиозност
  • Проблеми со концентрацијата и бавни реакции (опасно за возачите!)
  • Болки на старите рани и фрактури, како и разни фантомски болки

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни