Менструално здравје: Право, не привилегија!

Менструалното здравје не е само прашање на хигиена, туку и прашање на достоинство, родова еднаквост и социјална правда. Потребни се политики за бесплатни менструални производи во училиштата и јавните установи, намалување на даноците на менструалните производи и едукација и детабуизација на менструацијата.

Мај е месецот посветен на менструалното здравје и правда, период кога особено ја нагласуваме важноста на пристапот до менструални производи како човеково право, а не луксуз. Иако менструацијата е природен биолошки процес, милиони жени и девојки ширум светот се соочуваат со менструална сиромаштија, ограничен пристап до хигиенски производи, соодветни санитарни услови и едукација.

Според истражувања во ЕУ и светот, менструалната сиромаштија останува значаен проблем:

Во Европа, некои земји веќе преземаат чекори за намалување на даноците на менструалните производи. Шпанија, Франција и Шкотска воведоа бесплатни производи во училиштата и јавните установи.

Во Европа, достапноста на менструалните производи варира значително по земји. Некои држави преземаат чекори за намалување на менструалната сиромаштија, додека други сè уште имаат високи даноци на овие производи.

Шкотска е првата земја во светот што воведе бесплатни менструални производи за сите жени и девојки во јавните установи.

Франција и Шпанија обезбедуваат бесплатни производи во училиштата и универзитетите. Германија го намали данокот на менструалните производи од 19% на 7%, признавајќи ги како основни хигиенски производи. Бугарија и Романија сè уште имаат високи даноци на менструалните производи, што ги прави недостапни за многу жени со ниски приходи.

Во глобални рамки, ситуацијата е уште поразлична, 500 милиони жени ширум светот немаат пристап до соодветни менструални производи и санитарни услови. Во некои земји, жените трошат значителен дел од своите приходи на основни хигиенски производи, што директно влијае на нивното образование и работни можности.

Македонија: Реалноста и потребата за промени

Во Македонија, менструалната сиромаштија е сè уште присутна: Речиси секоја трета жена барем еднаш немала финансиски средства за купување влошки и морала да импровизира со крпи или тоалетна хартија. 77% од жените трошат од 101 до 400 денари месечно на менструални производи. 90% од испитаничките сметаат дека треба да има бесплатни производи во јавните објекти.

„Со филмскиот карван „Патот до еднаквост: Филмски караван за менструална сиромаштија“, сакаме да ја подигнеме свеста и да го поттикне јавниот разговор за менструалната сиромаштија и стигмата во Северна Македонија. токму затоа се фокусираме на младите луѓе и сметаме дека од најрана возраст во рамки на обрзовниот процес со менструацијата треба да се запознаат и момчињата и девојчињата за да постигнеме нашата цел, вели Теодора Милевска од организацијата „Period“ која додава дека според теренските истражувања состојбата во руралните средини е најтешка.
Како што додава Милевска потребно е да се создаде фонд за да се обезбедат бесплатни менструални производи за сите кои не можат да си ги дозволат, со што ќе се ублажи проблемот на сиромаштијата и недостапноста на овие продукти.

Менструалното здравје не е само прашање на хигиена, туку и прашање на достоинство, родова еднаквост и социјална правда. Потребни се политики за бесплатни менструални производи во училиштата и јавните установи, намалување на даноците на менструалните производи и едукација и детабуизација на менструацијата.

Да се залагаме за праведно општество каде секоја девојка и жена ќе има достоинствен пристап до менструални производи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни