Massive Attack доаѓаат во Крагуевац на „Arsenal fest 2025“

На 15-тиот Arsenal fest во Крагуевац ќе настапат и легендарниот британски состав Faithless, светските фолк метал ѕвезди од Молдавија The Hu, францускиот кросовер бенд La Femme и регионалната атракција, словенечкиот Joker Out.

Планетарно мегапопуларниот бенд Massive Attack ќе настапи првата вечер, на 26 јуни, на „Arsenal fest 2025“ на Main Stage во просторот на Кнежевиот арсенал во Крагуевац, соопштиле организаторите на фестивалот, истакнувајќи дека ова е подарок за публиката во Крагуевац и Србија по повод 15 години од постоењето на Арсенал.

Британскиот состав, кој се смета за основачи на трип-хоп жанрот, е најголемото светско име кое некогаш се појавило на фестивалот во срцето на Шумадија. Тоа го потврдуваат, помеѓу останатото, и бројните награди што бендот ги освоил во текот на својата повеќедецениска кариера. Најзначајни признанија се Brit Award за најдобар британски танцов бенд, две MTV европски музички награди и две Q награди.

Massive Attack се формирани во Бристол во 1988 година од актуелните членови Роберт 3D Дел Наја и Грантли Еван Маршал познат како Daddy G, како и Адриан „Tricky“ Тавс и Ендрју „Mushroom“ Вовлс. Познати по спојувањето на хип-хоп и дуп ритмови и соул мелодии, тие поставиле нови стандарди за британската музичка сцена во текот на деведесеттите и влијаеле на големи бендови како што се Radiohead, Portishead и многу други.

Дебитантскиот албум на Massive Attack „Blue Lines“, е објавен во 1991 година, а синглот „Unfinished Sympathy“ стигнал до топ листите и често се наоѓа високо на листите на најдобри песни на сите времиња. Албумите „Mezzanine“ (1998), на кој се наоѓал синглот „Teardrop“ и „100th Window“ од 2003 година, биле на врвот на британските топ листи. „Blue Lines“ и „Mezzanine“ се наоѓаат на листата на Rolling Stone за најдобри 500 албуми на сите времиња.

На 15-тиот Arsenal fest во Крагуевац ќе настапат и легендарниот британски состав Faithless, светските фолк метал ѕвезди од Молдавија The Hu, францускиот кросовер бенд La Femme и регионалната атракција, словенечкиот Joker Out.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни