Масовни евакуации на туристи поради пожарот во Грција

Досега се евакуирани околу 1.500 луѓе од околните населби и туристички зони,


Голеж пожар во Грција сè уште неконтролирано гори на источниот дел од островот Крит, откако вчера попладне избувна во тешко достапна шумовита област во близина на општината Јерапетра.

Огнот го разгоруваат урагански налети на ветер кои достигнуваат осмо ниво според Бофортовата скала, поради што брзо се шири кон југ и ги загрозува станбените објекти, туристичкото сместување и клучната инфраструктура, вклучувајќи бензинска станица.

Нулта видливост, областа обвиена со чадСпоред податоците од итните служби, пожарот моментално се протега на најмалку 6 километри, што го прави сè потешко да се стави под контрола.

Густ чад ја обвил пошироката област, а на некои места видливоста е сведена речиси на нула.Чадот се проширил сè до плажата Макри Ѓалос, оддалечена 10 километри од Ахлија во регионот Ласити, каде што пожарникарите се обидуваат да го задржат огнот.

Евакуации, затворени патишта и респираторни проблеми

Главниот пат во близина на населбата Агиа Фотија е затворен за сообраќај, а полицијата ги повика жителите и туристите да избегнуваат непотребни патувања поради исклучително лошиот квалитет на воздухот, екстремната жештина и пепелта која паѓа од небото.

Во населбата Агиа Фотија се уништени куќи и објекти за изнајмување, а локални извори јавуваат дека областа останала без електрична енергија. Најмалку четири постари лица се пренесени во болница поради проблеми со дишењето предизвикани од вдишување чад.

Болниците во приправност, хотели евакуирани


Здравствените власти ги ставија сите болници на Крит во состојба на приправност. Властите наредија масовна евакуација на хотели, приватно сместување и куќи во општината Ферма, додека пожарот се приближува до тој регион. Операцијата се спроведува со поддршка од пожарникари, полиција и локални волонтери.

Досега се евакуирани околу 1.500 луѓе од околните населби и туристички зони, кои се пренесени во Јерапетра. Околу 200 од нив се привремено сместени во градската спортска сала.

Засилени сили, ноќна борба со огнената стихија


Пожарникарските сили се значително засилени. До среда навечер на теренот имаше 155 пожарникари, осум специјализирани пешадиски тимови и 38 противпожарни возила. До зајдисонце, четири хеликоптери истураа вода врз пожарот. Локалните општински тела ангажираа и цистерни со вода и тешка механизација.

На пат се и дополнителни сили – од Пиреја доаѓаат уште 17 пожарникари, еден пешадиски тим и пет возила, а од Елефсина уште 33 пожарникари и четири дополнителни тимови на ЕМОДЕ.

Пожарот непредвидлив, луѓето евакуирани и по мореСпоред информации од јавната телевизија ЕРТ, противпожарната служба нареди тактичко повлекување со цел да се заштити персоналот и да се фокусира на изградба на заштитни противпожарни појаси. Пожарникарските екипи ќе останат на теренот во текот на ноќта.

Во текот на денот неколку пати беа издадени итни предупредувања преку системот 112, со наредби за евакуација од повеќе населби, а некои поединци беа евакуирани и со чамци од плажите.

Пожарот се шири низ густа шума, пристигнува помош и од воздухот

Пожарот, кој избувна меѓу Агиа Фотија и селото Скинокапсала, се шири низ густа запалива вегетација. Сувите услови, стрмниот терен и силните ветрови дополнително го отежнуваат гаснењето.Претходно оваа недела, во Турција повеќе од 50.000 луѓе беа евакуирани поради пожарите во Измир, а најмалку шест лица починаа како последица од топлотниот бран што ја зафати Европа – меѓу нив во Шпанија, Италија и Франција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни