Масакр на христијаните во Сирија: Повеќе од 1.300 мртви за 72 часа

Точниот број на жртви тешко е да се утврди, а според извештајот на Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) од 9-ти март, бројот достигнал вкупно 1.311, меѓу борците и цивилите. Според тој извештај, загинале 231 владини борци и 250 алавитски милитанти.

Повеќе од 1.300 луѓе се убиени во судирите и масакрот на цивилното население во Сирија од минатиот четврток, покажуваат извештаите на организациите за човекови права.

QЏихадистите од групата Хајат Тахрир Ал Шам, кои по соборувањето на режимот на Башар Ал Асад ја формираат сириската армија, започнале војна против вооружените групи на шиитската секта алавитите, откако на 6-ти март упаднале во заседа во Латакија, наводно за време на обид да се уапси еден алавит, при што се убиле 16 исламски борци.


За да ја задуши побуната во приморската провинција, сириската влада испратила илјадници борци, кои првично се судриле со милитантите, но брзо почнале да убиваат и малцинско цивилно население, меѓу кои се христијаните, друзи и јазиди. Обединетите нации го осудиле „екстремно вознемирувачкиот“ извештај за убиствaта на цели семејства, додека на социјалните мрежи се појавиле бројни снимки од егзекуции на цивили на улиците, исламски борци кои пукаат по куќите или фрлаат бомби од авиони врз алавитските населби.

Точниот број на жртви тешко е да се утврди, а според извештајот на Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) од 9-ти март, бројот достигнал вкупно 1.311, меѓу борците и цивилите. Според тој извештај, загинале 231 владини борци и 250 алавитски милитанти.

Во Хаји Ал Кусури, претежно алавитско население во приморскиот град Банас, жителите велат дека улиците се полни со раскинати тела покриени со крв. Тука се стрелани мажи од различна возраст, велат сведоците, пренесува BBC.

AFP пренесува сведочењето на мајката Рихаб Камел од Банас, која вели дека се сокриле со семејството во бањата кога вооружени луѓе упаднале во соседството во потрага по алавитите.

Според некои наводи и до 7.000 алавитите побрзале во руската воена база Хмејмим за да побараат заштита. На снимките се гледа поголем број на луѓе кои руската војска ги згрижила во шатори.


Тензиите и осветата против алавитите заради лојалноста на Асад почнале веднаш по доаѓањето на лидерот на HTS, Ахмед ал Шара на власт во Дамаск. Слична спирала на освета се случила во Ирак по соборувањето на сунитскиот режим на Садам Хусеин 2003. Тогаш шиитите, кои сочинуваат две третини од населението, почнале освета против не само поранешни припадници на војската на Садам и неговите лојалисти, туку и против целото сунитско малцинство. Тоа го олеснило регрутирањето на борци за сунитската Ал Каида во Ирак, од која потоа настанала Исламската држава, чиј член бил и сегашниот премински претседател на Сирија, поранешно познат под војниот прекар Ал Голани.

Во првите месеци на владеењето на Ал Шара имало повеќе инциденти на напади против малцинствата, како што се паљењето на божиќни елки на христијаните и спорадични судири со алавитите, друзи и други народи.

За тензиите и желбата за освета против „малтретираните“ од режимот на Асад пишувал и Guardian во репортажата од Хомс, во кој живее алавитско малцинство, но исто така бил и жариште на побуната против Асад. Безбедносните сили верни на новата власт спроведувале обемни акции против групите лојални на соборениот лидер. Алавитите од Хомс, вклучувајќи многу кои биле во редовите на војската на Асад и други безбедносни сили, велат дека се плашат од осветнички напади, додека низ градот се шириат приказни за киднапирања и насилства против членови на нивната секта.

Меѓутоа, до не така одамна „проклетиот круг на освета“ не достигнал интензитет на цивилни злосторства како во Ирак. Според досега непотврдени извештаи, првата сериозна ескалација на насилството се случила на 27-ми февруари, кога припадниците на HTS наводно убиле тројца младици во една продавница и градот Тартус. На мрежата X се појави снимка од егзекуција, но не е потврдено кога и каде тоа се случило.

На социјалните мрежи имало различни други сведоштва за малтретирање на алавитите и христијаните во Латакија, одземање на нивната имот и репресија врз овој доста секуларен дел од населението, во споредба со мнозинските сунити.

Инаку, пред почетокот на војната во Сирија 2011-та година, околу 1,5 милиони, или 10 проценти од сириското население, биле христијани. Се смета дека бројот нагло опаднал последните години, но не е јасно за колку поради недостаток на каков било попис. Денес, во Сирија може да има само 300.000 христијани, пишува израелскиот портал Israel365. Повеќе од 120 цркви и христијански богомолки се уништени за време на граѓанската војна.

Бројот на алавитите во Сирија се проценува на 2-3 милиони, при што најмногу се концентрирани во Латакија. Другите исламски фракции, а особено најекстремните сунити, алавитите ги сметаат за еретици поради нивните, за исламот необични, верски практики како што е пиењето вино.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни