Македонската карате репрезентација освои 46 медали на Европскиот шампионат во Грција

Во машка и во женска категорија нашите каратисти освоија вкупно 46 медали, од нив, 12 се златни, 13 сребрени и 21 бронзени медали

Одличен резултат постигна македонската репрезентација во традиционално карате на 37. ЕТКФ Европскиот шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети и 7. ЕТКФ Европски куп за деца, одржани викендот во Неа Мудања, Грција.

Во машка и во женска категорија нашите каратисти освоија вкупно 46 медали, од нив, 12 се златни, 13 сребрени и 21 бронзени медали.

Најуспешни наши натпреварувачи беа: Антонија Белазелкоска европски шампион во кати за сениорки, Камелија Недев и Матеј Мангаровски станаа европски шампиони во енбу за јуниори, Матеј Мангаровски освои прво место во кати во кадетска конкуренција и 2 место во фукуго за кадети и јуниори.

Женскиот сениорски ката тим во состав Антонија Белазелкоска, Берта и Јана Милевски освоија 2 место во ката тим сениорки. Јана Милевска освои 3 место во кати за сениорки.

Кај децата најуспешни беа Камелија Недев со освоени три златни медали во кати, кихон и џиу кумите за деца 12-13 години и Филип Недев со освоени три златни медали во кати, кихон и џиу кумите за деца 10-11 години.

На првенството учествуваа 14 држави со околу 200 натпреварувачи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email

е-Трн да боцка во твојот инбокс