Невана, Наум и Калина Нешкоски објавија ексклузивна вест. Продуцентите на глобално популарната серија „Симпсонови“ одлучиле во новата епизода да внесат лик — спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија.
За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт…бејзбол.
„Заедно со мојот брат Наум, и со сестра ми Kalina, со која заедно го водиме детскиот едукативен канал Дарко Биберко, ќе бидеме дел од една од новите епизоди на The Simpsons“, напиша на социјалните мрежи Невена Нешкоска.
Таа ја објаснува соработката и учеството во оваа призода со наслов “Abe League of Their Moe” со учевство во преводот, со консултантски услуги, а сите тројца ја испеале песна што тие ја превеле од англиски на македонски.
Епизодата премиерно ќе се емитува во САД во недела, на 27ми април, во 20:00 часот EST (2:00 понеделник наутро по македонско време) на американската телевизија FOX.
Епизодата е најавена на филмскиот портал ИМДБ.