МакеДокс објавува отворен повик за визуелен идентитет и дизајн на постер за 16-то издание на фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, кое ќе се одржи од 21 до 28 август 2025 година во Скопје.
,,Оваа година прашуваме:Кому му е гајле за реалноста? Во свет каде вистината се менува побрзо од нашата способност да ја сфатиме, и каде сликите ја заматуваат границата меѓу факт и фикција, потребата да гледаме внимателно, креативно, критички и со грижа, никогаш не била поголема.Ова издание продолжува да го истражува патувањето низ слоевите на кромидот – заштитниот симбол на МакеДокс. Ги покануваме дизајнерите, илустраторите и визуелните мислители да ни помогнат да ја преточиме оваа рефлексија во моќен дизајн на постер, кој ќе биде основа на визуелниот идентитет на МакеДокс 2025.”
Рок за пријавување: 15 јуни 2025, до 23:59 часот (CEST)
Целиот повик и начин на аплицирање тука: https://makedox.mk/mk/otvoren-povik-vizuelen-identitet-dizajn-na-poster-za-makedoks-2025/oglasna-tabla/