„Маалски Бувљак“ 2 во Железара

Денес од 12.00 часот во населба Железара ќе се одржи вториот „МААЛСКИ БУВЉАК“ во дворот на Комбо, купете и поддржете локално.ж„Првиот „Малски бувААЛСКИ БУВЉАК“ во соработка со „Комбо“ – здружение за креативна одржливост беше полн погодок – и не можевме да бидеме поблагодарни за сета добра енергија, пријателски расположени лица и креативни откритија што го исполнија дворот на Комбо.  Од винтиџ предмети, рачно изработен накит до книги, облека, уметнички дела и многу повеќе – секое ќоше нè поканува да ги преиспитаме нашите навики: Дали можеме да обновиме и повторно да користиме наместо да замениме?“ прашуваат организаторите.

Раководен од сестрите Ивана и Анастасија, овој простор за креативна одржливост во населба Железара докажа дека еко-размислувањето и културната врска можат да одат рака под рака — и тие не застануваат тука! 


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни