Маалски бувљак во Комбо

Во дворот на „Комбо“ ќе бидат изложени работи кои ќе ви го привлечат вниманието. Можност да ја проширите вашата колекција на антиквитети, да се закитите со убав накит, да го оплемените вашиот sид со уметничко дело

На 22 март во сабота од 10.00 до 18.00 часот во „Комбо“ на улица Коце Металец 1Ѓ во населба Железара, Скопје ќе се одржи првиот МААЛСКИ БУВЉАК.

Во населба Железара, во скопската општина Гази Баба се наоѓа просторот „Комбо“ – здружение за креативна одржливост. Местото е збиралиште на креативност, дружење и одржливост. Сите предмети внатре добиле „шанса“ за втор живот, откако веќе служеле некому, сега служат за разубавување на просторот и за промовирање поеколошки начин на употреба.


Во соработка со сестрите Ивана и Анастасија, креаторите на овој проект, ќе се организира МААЛСКИ БУВЉАК за да се даде втор дом на старите предмети.

,,Во дворот на „Комбо“ ќе бидат изложени работи кои ќе ви го привлечат вниманието. Можност да ја проширите вашата колекција на антиквитети, да се закитите со убав накит, да го оплемените вашиот sид со уметничко дело или додате уште еден наслов во вашата библиотека” велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни