Советот, со кој претседавал градоначалникот Љупчо Папазов, требало да ги координира локалните институции, да анализира можни безбедносни ризици и да се грижи за квалитетот на животот во заедницата. Сепак, токму тие институции што требало да работат превентивно – потфрлија.
Членови на Советот се началникот на Одделението за внатрешни работи во Кочани, основниот јавен обвинител, претседателот на Основниот суд, како и пратениците во парламентот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков и Марија Ангелова. Покрај нив, во Советот има и втора работна група, составена од командирот на полициската станица, командирот на противпожарната единица и раководители на подрачни владини служби.
Доколку Советот навреме ги анализираше ризиците и ги преземаше потребните мерки, трагедијата можеби ќе беше спречена. Сега, прашањето е – дали членовите на Советот ќе понесат одговорност? Бидејќи, ако некој не ја врши својата задача, тоа повлекува одговорност, особено кога последиците се фатални.