„Лиминални простори-лиминални тела“ – краток филм и танцов перформанс во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид

На 30 ноември, сабота, со почеток во 20:00 часот, на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи уникатен културен настан кој ги спојува танцот и филмот. 

Во организација на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, настанот е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, насловен „Напуштени места“.  

Настанот ќе започне со проекцијата на краткиот експериментален филм „ЛИМА“ (13 минути), кој низ танцовиот медиум се обидува да им вдахне живот или да им даде поглед од нов ракурс на неколку простори  во Охрид, кои припаѓаат на модернистичкото наследство. Режисерот Батухан Ибрахим и кореографката Ивана Балабанова го осмислија и создадоа овој филм кој, играјќи си со спомените, минатото и трансформативната моќ на она што било и може да биде, прикажува една дисторзирана перцепција на просторот, телото и времето. Препуштајќи се на ритамот на овие простори, слушајќи ги нивните приказни и следејќи ја емоцијата, филмот креира еден нов свет во кој носталгијата се претвора во надеж. 

Извршен продуцент: Јасмина Билаловиќ

Концепт: Ивана Балабанова, Батухан Ибрахим, Јасмина Билаловиќ;

 – по оригинална идеја на И.Балабанова

Режија: Батухан Ибрахим

Кореографија: Ивана Балабанова

Асистент на режија: Марија Бошковска

Директор на фотографија: Стефан Ѓорѓиевски

Играат: Тереза Лазарев, Стефани Шааршмидт, Софи Ларсон

Композиција: Алесандро Ола

Костим: Ивана Балабанова, Снежана Чоловиќ, Маја Ѓуреска

Шминка: Павел Маслов

Фотографија на сет: Ања Калин

Видео на сет: Мартин Михајлов (Марсбен продукција)

Партнери: К.Ц. МЕДИА АРТЕС, Зенит Продукција, Битрикс Културен Центар, Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија, Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, Танц бункер, НУЦК  Григор Прличев Охрид, Охридтурист АД, Младински центар Охрид, ФДУ Скопје, Zurich University of The Arts

По филмската проекција, публиката ќе има можност да го погледне танцовиот перформанс „Лиминално тело-2“, дело на кореографката Ивана Балабанова. Овој перформанс го истражува концептот на лиминалност како одраз на современото човечко искуство. Вкоренет во танцот, но збогатен со влијанија од музиката и театарот, делото го истражува внатрешниот пејзаж на поединци кои егзистираат во состојба на постојана трансформација, фатени меѓу транзициите и кои се борат да се прилагодат во светот што ги обзема. „Лиминално тело-2“ не е само апстрактен концепт, туку одговор на притисоците на модерниот живот – обид да се ослободиме од културните, социјалните и капиталистичките ограничувања. 

Играат: Тереза Лазарев, Стефани Шааршмит

Кореографија: Ивана Балабанова

Музика: Алесандро Ола

Сценографија: Мартин Манев

Костими: Маја Ѓурчиноска и Антонија Гугинска

Светло: Игор Митревски, Борис Вељаноски

Тон: Митко Серафимоски

Партнери: К.Ц. МЕДИА АРТЕС, Битрикс Културен Центар, Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија, Lichthof theater Hamburg, Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, НУЦК  Григор Прличев Охрид, КСП Центар-Јадро Скопје.

Вечерта ќе заврши со краток разговор со авторите, кој ќе им овозможи на присутните да ги споделат своите впечатоци и да добијат увид во креативниот процес потребен за создавање на овие дела.

Влезот за настанот е бесплатен, но потребно е претходно да се резервира место преку испраќање на е-пошта на abandonedplaces.mk@gmail.com или порака на бројот 070 250 500.  

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни