Годинешнава ликовна колонија е водена од ликовниот уметник и вајар Игор Станоески, кој на сцена ќе донесе 6 ликовни уметници кои ќе сликаат во живо за време на настапите.
Истите дела ќе бидат достапни за продажба во хуманитарни цели.
Минатата година беа насликани 13 уметнички слики од вкупно 5 уметници. Истите беа изложени на продажба во хуманитарни цели.
Годинава, за прв пат на Cotton blues festival ќе има вајарска колонија. Специјален гостин е Дејан Спасовиќ, мултимедијален уметник , вајар, ликовен уметник, музичар, режисер кој доби специјална покана од Игор Станоески да биде почесен гостин со што за време на настапите, ликовите на уметниците ќе бидат скулптирани на самата сцена.
Сите дела од ликовната и вајарската колонија ќе бидат изложени во галеријата на културниот центар “Лабораториум”. Истите ќе бидат ставени на продажба, од кои поголем дел ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Еве ги имињата на уметниците: Трајче Павлов Тац? Дејан Спасовиќ? Сали Ертунц, Сања Симоска, Драган Милованов, Бранкица Јордановска, Игор Станоески.