Летната сцена на Македонскиот народен театар именувана во чест на актерот Славиша Кајевски, се отвори со изведбата на претставата „Црнила ремикс“ – хип-хоп интерпретација на класичното дело од Коле Чашуле, режирана од Јордан Симонов и продуцирана од Младинскиот културен центар (МКЦ). Театарот под отворено небо ќе трае до 1 октомври.