Кучисабиши, Вабисаби, Цундоку: Јапонски изрази кои не можете да ги преведете, но можете да ги почувствувате

Јапонската култура е позната по своето восхитување кон природата и пронаоѓање убавина во едноставноста. Не е ни чудо што нивниот јазик ја одразува онаа дзен-убавина што ја зрачи нивната култура. Постојат стотици јапонски зборови што немаат директен превод на други јазици, а обидите да се преведат се претвораат во поетски описи што ја греат душата.

Само изговарањето на овие зборови е убаво, како што течат од јазикот, а нивните значења сликаат прекрасни сцени што говорниците на други јазици само би посакале да ги изразат со една единствена збор.

Ирусу (Irusu) – Претварање дека не сме дома
Овој збор го опишува познатиот момент кога се правиме дека не сме дома кога непожелниот гостин клука на вратата.

Ханафубуки (Hanafubuki) – Олуја од ливчиња
Овој израз се користи за да се опише моментот кога ливчињата од црешов цвет паѓаат масовно, како снежна меќава.

Вабисаби (Wabisabi) – Убавина во несовршеност
Кога ќе го прифатите вака гледањето на светот, прифаќате дека животот е несовршен и токму поради тоа можете да ја цените убавината на несовршените нешта. Јапонските уметници намерно оставаат несовршености во своите дела – јазол во дрвото или пукнатина на керамиката.

Цундоку (Tsundoku) – Складирање книги без читање
Овој збор е многу познат кај љубителите на книги. Ги опишува навиките на собирање книги што никогаш не ги прочитувате.

Кучисабиши (Kuchisabishii) – Јадење од досада
Дословно значи „усните се осамени“ и се однесува на јадење од досада, а не од глад.

Комореби (Komorebi) – Сончева светлина што пробива низ дрвјата
Овој збор слика прекрасна сцена – светлината што се пробива низ крошните на дрвјата.

Икигаи (Ikigai) – Смисла на животот
Икигаи е причина за постоење, страст, цел, тоа што ви дава смисла и поради што станувате наутро.

Каваакари (Kawaakari) – Светлина на реката во темнината
Овој израз го опишува светлото што се рефлектира на површината на реката во ноќта или сумракот – цел пејзаж во една збор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни