Куче трагач од расата Малиноа го пронајде исчезнатото девојче во Убу во Србија

Малиноа е раса на белгиски овчар, која е една од најчесто користените раси на кучиња во полицијата и во воените сили низ целиот свет, често дури и повеќе од германскиот овчар.

Девојчето Д. М., кое вчера исчезна во градот Убу, во Србија, беше пронајдено живо и комуникативно. Според информациите на Н1, девојчето било пронајдено од куче-тргач, од расата малиноа.

Малиноа е раса на белгиски овчар, која е една од најчесто користените раси на кучиња во полицијата и во воените сили низ целиот свет, често дури и повеќе од германскиот овчар.

Белгискиот малиноа (Malinois) е раса која припаѓа на групата белгиски овчари, заедно со уште три варијанти: терверен, лакенуа и гренендал. Иако често изгледа како германски овчар, малиноата е посебна раса со специфични карактеристики кои ја прават една од најпосакуваните раси на кучиња во светот.

Зошто се користат како полициски кучиња трагачи?

Еве неколку причини зошто малиноите се најчесто користени пси во полицијата и воените сили низ светот:

Пред се брзина и подвижност. Малиноата се побрзи и поподвижни од германските овчари, што им овозможува да реагираат брзо при потера или интервенција. Тие имаат висока интелигенција и способност за учење. Оваа раса лесно се обучува за сложени задачи, како што се откривање на дрога, експлозиви и апсење на осомничени. Имаат работна етика и издржливост и неуморно работат со часови без да го намалат учинокот, што е клучно во операции каде што е потребна издржливост. Овие раси имаат силен нагон за следење и оваа особина ги прави идеални за потраги и апсење осомничени, бидејќи имаат природна потреба да „фати“ цел. Тие се отпорни на екстремни услови и можат да работат под тешки временски услови, вклучувајќи големи жештини и студ. Малиноата се помалку подложни на здравствени проблеми и за разлика од германските овчари, кои често страдаат од дисплазија на колковите, малинуите имаат помала предиспозиција за генетски болести.

Белгискиот малиноа е познат по својата висока интелигенција, исклучителна енергија и силна работна етика. Оваа раса се смета за една од најпаметните и најпослушните, но истовремено бара многу ментална и физичка стимулација. Иако може да биде одличен семеен пес, белгискиот малиноа не е за секого. Потребен му е искусен сопственик кој знае како да го стимулира ментално и физички. Ако не се обучува правилно, може да стане деструктивен или агресивен поради досада. Идеално е да живее во активна фамилија или со некој кој се занимава со спортови за кучиња.

Белгискиот малиноа е исклучително способен и интелигентен пес, но не е за неискусни сопственици. Неговата комбинација на брзина, сила, лојалност и инстинкти го прават совршен за полициски и воени задачи. Ако некој сака да го има како домашен љубимец, мора да биде подготвен за многу тренинг, активности и посветеност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни