Критична маса на улиците на Скопје

Ова беше 91-вата Критична маса, по неколку години пауза

,,Ја возев и ја фотографирав и првата Критична маса – пред 13 години. И тогаш беше уживање, и сега е. Толку позитивна енергија на едно место – деца од 2 години, весели пензионери со 70+, сите насмеани, ведри, на точак, низ Скопје. Уживанција.
Ова беше 91-вата Критична маса, по неколку години пауза. Ни фалеше. Баш ни фалеше.
Убави беа улиците на Скопје, полни со луѓе на точаци, полни со добра енергија.
Ако не бевте – дојдете следниот пат. Ќе ве чекаме и фоткаме ” вели Небојша Гелевски авторот на овие фотографии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни