Креативна текстилна работилница во Public Room

Заедно со Јована и оваа сабота, ќе ги освежиме вашите стари тексас фармерки, торба или јакна со техники на текстилната уметност

Во сабота на 26 октомври во 19 часот, во Public Room ќе се одржи креативната текстилна работилница.

,,Заедно со Јована и оваа сабота, ќе ги освежиме вашите стари тексас фармерки, торба или јакна со техники на текстилната уметност! На оваа работилница ќе истражуваме техники за транформирање на обичните ткаенини во уметнички дела. Чекор по чекор ќе учите како да обоите, манипулирате и украсите текстил, да наравите единствени парчиња на кои ќе им дадете вистински личен печат. За уште поопуштена атмосфера имаме ладно пивце и супер плејлиста” велат организаторите.

Јована Наумоска е дипломиран ликовен педагог, со долгогодишно искуство во организација и реализација на креативни, едукативни и применети работилници, во разни техники.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни