Звукот кој го прекина петнаесетминутниот молк на вчерашниот студентски протест и предизвика паника меѓу присутните е звучно оружје или т.н „звучен топ“ кој го поседува полицијата како безбедносен систем на државата, изјави за N1 Александар Радиќ, воен аналитичар. Како што објасни, неговата цел е да ја онеможи метата, односно тој служи за онеспособување.

Министерството за внатрешни работи наведе дека не го користеле звучниот топ, бидејќи неговото користење не е во согласност со законот.
Радиќ вели дека станува збор за американско нелетално, агресивно, звучно оружје кое има цел да ја онеможи метата, односно да послужи за онеспособување.
„Најголем проблем во вечерниот настан е – кој дошол на идеја да се употреби такво оружје? Во ситуација кога сите демонстранти беа мирни, кога се оддаваше петнаесетминутна почит за настрадалите, оружјето беше употребено. Единствена цел на тој чин е брутален прикажување на сила, доказ за ароганција и мотив омраза кон својот народ“, изјави Радиќ за порталот N1.
„Страшно делуваше. Имаш впечаток дека нешто за секунда ќе стигне до тебе“, изјави зеден од демонстрантите кој се нашол на ударот од она што изгледа како звучен топ.
Koju ste tehnologiju koristili i sta je bio cilj ove intervencije?
— Alef Pendule (@alef_pendule) March 15, 2025
Pustite ton naglas i odgledajte do kraja.
Ovo je strasno‼️ pic.twitter.com/pMUtz3kvB2
Лидерот на партијата „Срце“, Здравко Понош, објави на социјалните мрежи дека на вечерниот собир бил користен звучен топ.
Се работи за т.н. LRAD (long-range acoustic device) или уред за емитување звучни бранови, и е едно од новите оружја во арсеналот на Министерството за внатрешни работи, иако сè уште не е вклучено во законот. На прес-конференцијата на МУП Србија, по повод претставувањето на Нацрт Законот за внатрешни работи, неколку новинари поставија прашање за контроверзниот LRAD, но не добија одговор. Одговорот се наоѓал во самото Нацрт законодавство, каде бројот на средства за принуда се зголемил од 13 на 17, а меѓу нив е и она што се нарекува „уред за емитување звучни бранови“.

Како што пишуваше Nova.rs, според неофицијални информации, спомнатиот уред е набавен без тендер и учество на јавноста, преку фирма од Нови Сад. Според наводите на некои новинари, кои не беа демантирани, тоа оружје веќе било тестирано во Полицијската бригада во Белград и тоа на полицајци-доброволци. Тогаш беше виден ефект, првенствено дезориентација.
LRAD или уредот за емитување звучни бранови спаѓа во категоријата таканаречени „несмртоносни“ оружја кои се уште главно се наоѓаат во експериментална фаза и развиени се првенствено за војска. Емитувањето звучни бранови во определен правец кај погодените лица може да предизвика главоболки, мачнини, дезориентација, отекување, губење на рамнотежата, но според некои сериозни извештаи, последиците по здравјето можат да бидат и трајни оштетувања на слухот, а не се исклучува ни смртен исход. експертите за безбедност велат дека било многу дискутабилно дали некој наредил употреба на оружје како што е звучен топ, кој е забранет во многу европски земји.