Концерт на хрватскиот ансамбл „Ладо“ во Националната опера и балет Скопје, гостин македонски „Танец“

Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска „Ладо“ ќе се претстави со концерт на народни игри на 3 јуни 2025 година со почеток во 19.30 ч. во Национална опера и балет, Скопје. Гостин на концертот ќе биде македонскиот ансамбл „Танец“.

Во богатата низа на разновидни концерти кои „Ладо“ ги изведува во текот на годината, најбрилијантни се играорните програми во кои може да се види целиот сјај на ансамблот.

-Годинава „Ладо“ подготви програма со која публиката ја води на патување низ различни региони на Република Хрватска и други простори каде живееат Хрвати.

Со темпераментна изведба на народни игри, различни видови на пеење и музички пракси, инструменти, дијалекти и раскошен колорит на народни носии, „Ладо“ ве води низ богатото културно наследство во кое со игри, песни и музика се создава фолклорна уметност со автентичен стил што „Ладо“ го негува и развива веќе 76 години.

Концертот е кофинансиран од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска и со поддршка на македонското Министерство за култура и туризам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни