Колку заработуваат европратениците од дополнителни хонорари?

Дополнителни приходи најчесто имаат членовите на конзервативните и десничарските партии. Ако се гледа просекот на заработка по политички групи, Европските конзервативци и реформатори заработуваат најмногу, со просек од 55.000 евра годишно по застапник. По нив следуваат ЕПП, Патриоти за Европа, Renew Europe и S&D

Застапниците во Европскиот парламент (ЕП) можат да работат и дополнително, но мора да бидат транспарентни и да пријават конфликт на интереси. Transparency International EU открил дека оваа година, во новиот состав на ЕП, дури 74 отсто од застапниците пријавиле дополнителни работи.

Европратениците заработуваат околу 100.000 евра годишно ако примаат само плата за местото на застапник. Но, можат да работат и други работи, на пример да бидат членови на надзорни и управни одбори, консултанти, советници, можат да имаат акции во различни компании или да имаат свои бизниси. Нема пропишани ограничувања колку можат да заработат, но секоја дополнителна работа и потенцијален конфликт на интереси мора да го објават.

„Постојат теоретски ограничувања во поглед на видот на дополнителните работи што можат да ги обавуваат, бидејќи не можат да се занимаваат со платени лобистички активности кои се директно поврзани со процесот на одлучување во ЕУ“, велат од Transparency, додавајќи дека бидејќи нема јасно дефинирани работи кои би спаѓале во овој домен, застапниците тоа го толкуваат како што сакаат. Затоа не изненадува што истражувањето покажало дека дури 159 застапници кои работат „со страна“ работат за организации кои активно лобираат за промена на правилата на ЕУ.

Логично би било дека ако, на пример, работат во автоиндустријата, не работат на закони и прописи кои се однесуваат на таа индустрија во Европскиот парламент. Но, тоа не е така, а Transparency International објавил список на застапници кои заработуваат најмногу.

„Откривме дека оваа година европратениците пријавиле повеќе дополнителни активности отколку на крајот на претходниот мандат. На пример, 74 отсто од европратениците, или три од четири, имаат некаква дополнителна активност, што го покажува нашето најново истражување за новиот Европски парламент. Речиси тридесетина европратениците пријавиле барем една активност која носи приход, чиј вкупен годишен приход се проценува на 6,3 милиони евра“, пишува во објавата.

Рекордер е Георги Пипера (Gheorghe Piperea), застапник од Романија и потпретседател на Европските конзервативци и реформатори (ECR). Пипера заработува 657.000 евра дополнително годишно, претежно преку својата адвокатска канцеларија и Правниот факултет во Букурешт каде што предава. Покрај тоа, е стечаен управник и судија на арбитражниот суд во Букурешт.

Следи Французинот Лоран Кастило (Laurent Castillo), член на Европската народна партија (EPP), со 231.633 евра дополнителна заработка годишно. Тој е лекар, предава на факултет и има приватна практика, што не е чудно. Но, Кастило е сопственик на 23 проценти од холдингот NISSORL, кој е специјализиран за здравство. Од тоа заработува 103.000 евра годишно.

Трет на листата е Италијанецот Роберто Ванаћи (Roberto Vannacci) од партијата Лега, односно групацијата Патриоти за Европа, со околу 200.000 евра. Ванаќи е италијански генерал кој на основа на таа функција до 2023 заработувал по стотина илјада евра годишно. Минатата година напиша и книга за политиката, „Светот наглавачки“, поради која во 2024 заработил 200.000 евра.

Дополнителни приходи најчесто имаат членовите на конзервативните и десничарските партии. Ако се гледа просекот на заработка по политички групи, Европските конзервативци и реформатори заработуваат најмногу, со просек од 55.000 евра годишно по застапник. По нив следуваат ЕПП, Патриоти за Европа, Renew Europe и S&D.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни