Научниците направиле прецизна пресметка и резултатите се загрижувачки.
20 минути помалку живот по секоја цигара
Според студија на Универзитетскиот колеџ во Лондон, пушачите губат околу 20 минути живот по секоја испушена цигара. Пресметката вели дека:
- мажите губат во просек 17 минути,
- жените дури 22 минути по цигара.
Ако испушите една пакла дневно – тоа е 6 до 7 часа живот дневно помалку. За цела година? Над 90 дена изгубен животен век.
Ефектите од прекинот – брзи и охрабрувачки:
✅ 20 минути по последната цигара – срцевиот ритам и крвниот притисок се нормализираат.
✅ 8 часа – телото веќе исфрли половина од јаглеродниот моноксид.
✅ 48 часа – се подобруваат сетилата за вкус и мирис, почнува природно чистење на белите дробови.
✅ 2 недели до 3 месеци – се подобрува циркулацијата, се зголемува енергијата.
✅ 3 до 9 месеци – се намалуваат кашлицата и краткиот здив, функцијата на белите дробови расте.
✅ 1 година – ризикот од срцев удар е преполовен.
✅ 10 години – ризикот од рак на белите дробови е преполовен.
Што велат експертите?
Д-р Сара Џексон од Лондон изјави:
„Пушачите честопати го потценуваат влијанието на секоја цигара. Всушност, губат околу 10 години живот ако не престанат.“
Таа додава дека никогаш не е доцна да се откажете, но колку порано престанете – толку повеќе години и здравје си подарувате себеси.
Да се откажете од пушење не е лесно – но секоја минута што ќе ја вратите на својот живот вреди повеќе од секоја цигара.