„Од 500 до 1000 долари во готово е доволно за итни случаи“, вели финансискиот советник Метју Санехолц. Неговата колешка Кристал МекЈон додава дека е разумно да се има меѓу 300 и 500 долари за неочекувани трошоци.
Но, експертите предупредуваат дека не треба да се претерува со чување готовина. „Готовината не е осигурена од страна на државата и не носи камата,“ вели финансиската советничка Мелиса Каро, додека Никол Саливан нагласува дека голема количина пари дома може да доведе до импулсивни трошења, пренесува CNBC.
Ако одлучите да чувате готовина дома, бидете дискретни и чувајте ја на безбедно место. „Споделувањето на овие информации може да ве направи мета за кражба“, предупредува МекЈон.
Дополнително, сега е вистинско време повторно да ги преиспитате вашите заштеди за итни случаи. Препораката е да имате средства доволни за три до шест месеци основни трошоци, а во време на неизвесност – дури и до девет или дванаесет месеци.
Истражувањата покажуваат дека поголемиот дел од Американците немаат доволно заштеди за итни случаи, а многумина не би можеле да покријат ниту 1.000 долари при некоја ненадејна ситуација.
Ако дури сега започнувате со штедење, „Почнете со мала сума, на пример 50 долари,“ советуваат експертите, и постепено градете го вашиот фонд за итни случаи, според можностите на вашиот буџет.