Од друга страна, Филаделфија Иглс, предводени од Џејлен Хертс, ќе се обидат да ја прекинат доминацијата на Чифс и да ја обезбедат својата втора титула во Супербоул во последните девет години. Спортскиот настан ќе се одржи во „Caesars Superdome“ во Њу Орлеанс, а меѓу гледачите ќе биде и американскиот претседател Доналд Трамп.
Супер Боул е познат по бројните прекини на играта, а токму овие моменти им даваат можност на огласувачите да допрат до милиони гледачи ширум САД. За време на овој спектакл се емитуваат најскапите телевизиски реклами, а во 2025 година цените достигнаа рекордни нивоа.
Според Си-Ен-Ен, Фокс првично побарал 7 милиони долари за 30 секунди рекламен простор, но најмалку десет огласувачи платиле повеќе од 8 милиони долари за истата временска рамка. Ова значи дека секоја секунда од рекламен простор чинела неверојатни 266.666.
За споредба, во 2024 година цената на рекламирањето беше 7 милиони долари, што е 233.333 долари по секунда, додека во 2002 година реклама од 30 секунди чинеше „само“ 2,2 милиони долари или 73.333 долари по секунда.
Меѓу главните огласувачи кои го обезбедија своето место за време на Super Bowl се Anheuser-Busch, познат по брендовите Bud Light и Michelob Ultra, потоа Coors Light, како и Reese’s, Uber Eats и Taco Bell.
Огласувачите веруваат дека големиот интерес за натпреварот, дополнително зајакнат со присуството на Тејлор Свифт и Тревис Келси, ќе ја зголеми гледаноста и ќе обезбеди уште поголем поврат на инвестицијата за рекламирање. Дополнително, благодарение на социјалните мрежи, рекламите за Super Bowl сега имаат глобален досег бидејќи гледачите ширум светот ги бараат и споделуваат, со што нивната вредност е уште поголема.