Светската компанија Амазон лансираше нова платформа наречена Haul, која ја ограничува максималната цена на производот на 20 долари (15,79 фунти), со цел да се натпреварува со евтините шопинг гиганти како што се Тему и Шејн.
Гигантот за онлајн шопинг во средата го претстави Haul, ексклузивно достапно преку мобилна апликација за американските купувачи во рамките на својата апликација за шопинг, јавува Би-Би-Си.
Амазон наведува дека клиентите можат да очекуваат „неверојатно ниски цени“ за производите на Haul, кои „вредат да чекаат“ до две недели за испорака.
Кинеските ривали за е-трговија на Амазон уживаа брз раст во последниве години, но исто така се соочија и со критики поради еколошките последици од производството и испораката на зголемен број евтини производи, пишува New Economy на Би-Би-Си.„Тему и Шејн се соочија со критики и поради искористување на дупките во законите за увоз, како и поради тоа што се неодржливи и еколошки неодговорни“, изјави за Би-Би-Си аналитичарот за малопродажба на Форестер, Сучарита Кодали.
Сепак, регулаторите ширум светот стануваат се повнимателни кон платформите кои продаваат масовно произведени производи по многу ниски цени, се вели во извештајот.
Во октомври, Европската комисија покрена случај против Тему поради загриженоста дека не ја спречува продажбата на нелегални производи.
Покрај максималната цена од 20 долари, компанијата рече дека повеќето производи ќе чинат помалку од 10 долари (7,90 фунти).
Исто така, пишува New Economy, ќе биде достапна бесплатна испорака за нарачки од 25 долари или повеќе, со рок на испорака од една до две недели.