Кога треба да ја замените даската за сечење?

Дали знаевте дека чувањето на одредени предмети во кујната, како што е даската за сечење, кои веќе се истрошени може да биде опасно?

Според експертот за храна Адам Џејмс Полок, пластичните даски за сечење треба да ги фрлите веднаш штом ќе почнат да изгледаат истрошени. На платформата X, Полок ги потсети корисниците да ги фрлаат пластичните даски за сечење кои покажуваат знаци на абење.

На својот профил објави фотографија од црвена пластична табла која за малку ќе побелела поради бројните траги од сечењето.

Покрај фотографијата напиша: „Ако вашата даска за сечење изгледа вака, веднаш фрлете ја“.

Дрвените даски се поздрава и подобра алтернатива

Во својата книга „Одржување“, Полок дава причини зошто секогаш ги препорачува дрвените даски за сечење, истакнувајќи дека тие се подобри за здравјето и острината на ножевите. Цитирајќи различни студии, тој презентираше аргументи против пластичните даски.

Истражувањата покажаа дека бактериите како салмонела и листерија имаат поголеми шанси да преживеат и да се размножуваат на пластичните даски, особено преку ноќ. Од друга страна, истите бактерии се апсорбираат и умираат за неколку минути на дрвени даски.

Дополнително, исечоците во пластичните даски ослободуваат микропластика што може да заврши во вашата храна. Неодамнешните истражувања покажаа дека сечењето состојки како зеленчук на полиетиленски или полипропиленски даски ослободува микропластика што се лепи за храната, вклучувајќи месо и зеленчук.

Исто така, пластичните даски можат побрзо да ги отапат ножевите бидејќи сечилата го губат квалитетот кога се тријат со пластиката.

Ако сè уште користите пластични даски за сечење, можеби е време да ги замените со дрвени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни