Кое е најдоброто, а кое најлошото време за наводнување на градината?

Наводнувањето на градината не е само прашање на количината на вода – туку и на вистинскиот момент кога таа се дава. Залевањето во погрешно време може да создаде услови погодни за развој на болести кај растенијата и да го загрози родот.

Најлошото време е навечер
Наводнување по зајдисонце значи дека растенијата остануваат мокри цела ноќ, а тоа создава идеална средина за габични инфекции.
„Најнеповолно време за залевање е навечер, особено по зајдисонце“, вели Адријен Ротлинг, главен градинар на приватно имање. „Посебно чувствителни се растенијата со дебели или влакнести листови и стебла – тие не поднесуваат влага што останува предолго.“

Дополнително, користењето на црева или системи кои прскаат одозгора може да ја влошат состојбата, бидејќи влагата на лисјата тешко испарува, додава професорот Дејмон Абди од Универзитетот во Луизијана.

И попладне не е идеално
Иако може да изгледа практично да се залева во попладневните часови, експертите предупредуваат дека тоа не е најдобра идеја.
„Во најжешкиот дел од денот, дел од водата испарува пред да навлезе во почвата“, објаснува Абди. Ветерот, исто така, го забрзува испарувањето и ја намалува ефикасноста на наводнувањето.

Најдобро е – рано наутро
Според експертите, утринските часови се најдобриот избор за залевање.
„Цветачките и плодни растенија мора да се хидрираат и да апсорбираат хранливи материи уште во раните утрински часови“, вели Џини Розенкранц од Универзитетот во Мериленд.

На овој начин, кога температурите ќе се искачат над 29°C, растенијата веќе ќе бидат подготвени да го поднесат топлото време. Дополнително, сонцето ќе помогне побрзо да се исушат лисјата, а почвата ќе остане влажна во текот на денот – со што се намалува ризикот од појава на болести и се одржува оптимална хидратација.

Совет за крај:
За здрава и родна градина, секое капка вода треба да се даде во вистинско време. А тоа време е – наутро!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни