Станува збор за 27-годишен кинески студент, кој првпат бил спасен минатиот вторник, во близина на врвот на планината, откако ги изгубил дерезите (метални шила за безбедно движење по мраз). Студентот бил на околу 3780 метри надморска височина кога бил евакуиран со хеликоптер.
Набргу потоа, тој се вратил на планината за да го побара мобилниот телефон кој го заборавил. На височина од околу 3000 метри му се слошило – развил симптоми на висинска болест и повторно морал да биде спасен.
Искачувањата биле надвор од официјалната сезона
Важно е да се истакне дека двата обида за искачување биле надвор од официјалната сезона за искачување на Фуџи, која започнува на почетокот на јули и завршува на почетокот на септември. Во овој период патеките се затворени, а многу патокази се отстранети.
Планината Фуџи е едно од најпознатите туристички дестинации во Јапонија, секоја година привлекувајќи стотици илјади планинари. Таа е активен вулкан, сместен недалеку од Токио.