Како транспарентноста на институциите ја гради довербата помеѓу граѓаните и институциите?

Транспарентноста и отворената политичка комуникација се основата за градење на доверба помеѓу граѓаните и институциите. Кога властите јасно и искрено ги споделуваат своите одлуки, активности и планови, тоа им овозможува на граѓаните да бидат подобро информирани, активно да учествуваат во дебати и да влијаат на клучни одлуки што директно ги засегаат.

На оваа тема ќе се дискутира на конференцијата „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“, која ќе се одржи на 04 декември 2024 година, со почеток во 13:00 часот, во хотелот „Холидеј ин“ – Скопје.

Конференцијата ќе отвори дебата за унапредување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции и политичките актери, преку подобрување на стандардите на политичка комуникација.

Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат Жанета Трајкоска, директорка на ИКС, Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на РСМ, и Даниел Филер, вршител на должност, Британска амбасада во Скопје. Посебно внимание ќе биде посветено на одговорноста на политичките актери и институциите за искрена и ефективна комуникација со јавноста, особено во чувствителните предизборни и изборни периоди, како и на улогата на медиумите во известувањето за политичките процеси.

Овој настан е можност да се слушнат идеи и практики што можат да го унапредат односот помеѓу граѓаните и институциите, со фокус на искрената комуникација како мост кон довербата и подобрата соработка.

Конференцијата е организирана од Институтот за комуникациски студии во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Сите заинтересирани треба да се регистрираат за учество на конференцијата најдоцна до 1 декември (недела).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни