Еден од најгласните градови во светот создава толку загадување со бучава што е опишан како „непогоден за живот“. Мумбај, инаку најголемиот град во Индија, има бучава која често ја надминува безбедната граница.
Според напис во Mumbai Times, индискиот град Мумбај е „непогоден за живот“. Нивoто на бучава во градовите достигнуваат 100 децибели во време на најголема сообраќајна фреквенција. Сè што е над 80 dBHL е опасно, вели Сумаира Абдулаи, активист за загадување со бучава.
Кога станува збор за високото ниво на загадување со бучава во Мумбај, главните „прекршители“ се градежниците, петарди, трубите од сообраќајот и звучници.
Меѓутоа, владата на Мумбај сега се обидува да воведе прописи за звучниците, пренесува One India.
Високиот суд во Бомбaј во четвртокот нареди полицискиот комесар да преземе итни мерки по жалбите за загадување со бучава предизвикано од верски структури, се вели во извештајот на Hindustan Times (HT). Судот пресудил дека ниту една верска институција нема звучници како суштински аспект на религијата и дека полицијата мора да преземе мерки за намалување на бучавата.
Друг неверојатно бучен град е Каиро во Египет. Загадувањето со бучава достигнало алармантено ниво во оваа 24-часовна метропола и довело до проблеми со слухот, раздразливост, па дури и смрт. Според студија на Египетскиот национален истражувачки центар, просечните нивоа на бучава се 90 децибели и никогаш не паѓаат под 70 децибели.
Ова може да се спореди со целодневен престој во фабрика. Покрај загадувањето со бучава, Каиро има едно од најголемите загадувања на воздухот во светот. Индексот на квалитетот на воздухот во Каиро (АКИ) изнесува 160, што одразува нездрави услови на воздухот. За споредба, АКИ кој се смета за нормален и здрав е околу 36. Концентрациите на PM2,5 во Каиро достигнале 68,4 µg/m³ — значително над безбедната граница од 5 µg/m³ која ја препорачува СЗО.