Со некои возила ќе поминете повеќе од 70 километри на резерва, со други помалку од 40, а сето тоа зависи и од стилот на возење, дали возите во град или на автопат. Кога ќе се вклучи жолтата ламбичка на инструмент-таблата која укажува дека возилото е на резерва, некои возачи паничат, а други искусно ја „цедат“ последната капка гориво, што не се препорачува.
Честа возење на минимум може да доведе до оштетување на пумпата за гориво (не се подмачкува како што треба) и на филтерот за гориво, во кој може да влезат нечистотии или талог од дното на резервоарот. Многу мерења и истражувања се направени, но само вие знаете колку во просек троши вашиот автомобил – тој податок е најважен.
Се претпоставува дека на резерва остануваат околу 5 литри гориво, но до точната количина ќе дојдете на едноставен начин: кога ќе се вклучи резервата, веднаш одете на бензинска пумпа, наполнете го резервоарот до врв и запишете колку сте наточиле. Од таа бројка одземете го капацитетот на резервоарот според фабричките податоци (на пример, 55 минус 49). Така ќе дознаете колку гориво останува во резервоарот кога ќе се вклучи ламбичката.
Погледнете и просечната потрошувачка и споредете ја со количината гориво што ви преостанала во резервоарот. Со некои возила ќе поминете повеќе од 70 км на резерва, со други помалку од 40, а тоа зависи од стилот на возење, дали возите низ град каде се троши повеќе гориво, на автопат, или на патишта со ограничување од 80 км/ч, каде потрошувачката е најекономична. Меѓутоа, заради душевен мир и сигурност, секогаш е добро да знаете колку гориво ви останува во резервоарот кога ќе се вклучи жолтата ламбичка.