Извештај од обдукција: Џин Хекман починал од срцеви проблеми, бил во поодмината фаза на Алцхајмерова болест и подолго време не јадел

Главната причина за смртта на славниот американски актер Џин Хекман е срцево заболување, но обдукцискиот извештај открива и дека бил во напредна фаза на Алцхајмерова болест, како и дека веројатно не консумирал храна подолг период.
Фото: Christopher Michael Little, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Според извештајот, 95-годишниот актер имал сериозни проблеми со срцето: претрпел конгестивен срцев удар, претходно имал заменета аортна валвула и страдал од неправилни отчукувања. Хекман носел пејсмејкер вграден во 2019 година.

Во неговото тело била измерена концентрација на јаглерод моноксид под пет проценти, што се смета за вообичаена вредност. Исто така, бил негативен на хантавирус — ретка, но потенцијално смртоносна инфекција која се пренесува преку измет од заразени глодари.

Властите претпоставуваат дека неговата сопруга, Бетси, починала околу 11 февруари во нивниот дом, најверојатно од респираторни компликации предизвикани од хантавирус. Извештајот од нејзината обдукција сè уште не е објавен.

Токсиколошките анализи покажуваат дека Хекман бил негативен на алкохол и наркотични супстанции, но присуството на мала количина ацетон во телото укажува на тоа дека бил без храна подолго време.

Се смета дека Хекман ја надживеал својата сопруга за околу една недела, можеби и без да биде свесен дека таа починала. Неговиот пејсмејкер регистрирал абнормален срцев ритам на 18 февруари — денот кога, според проценките, и починал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни