Хаталеен беше добро познат по својата активистичка работа, особено за неговиот придонес во создавањето на документарниот филм No Other Land, добитник на Оскар, кој ја прикажува борбата на палестинската заедница во Масафер Јата против насилството од израелски доселеници и војници.
Палестинското Министерство за образование соопшти дека Хаталеен бил убиен „од доселеници за време на нивниот напад врз селото Ум ал-Хаир“, додавајќи дека во моментот на нападот стоел пред селскиот заеднички центар.
Палестинскиот новинар и ко-режисер на филмот, Басел Адра, изјави: „Мојот драг пријател Ауде беше заклан вечерва. Стоеше пред центарот кога доселеник испука куршум што му го прободе градите и му го одзеде животот. Вака нè брише Израел – еден по еден живот.“
Израелскиот ко-режисер на филмот, новинарот Јувал Абрахам, го опиша Хаталеен како „исклучителен активист кој ни помогна да го снимиме филмот No Other Land во Масафер Јата“. Тој објави и видео од инцидентот, при што жителите го идентификувале напаѓачот како Инон Леви — доселеник кој е под санкции од Европската Унија и САД.
„Ова е тој на видеото, пука како луд“, напиша Абрахам.
An Israeli settler just shot Odeh Hadalin in the lungs, a remarkable activist who helped us film No Other Land in Masafer Yatta. Residents identified Yinon Levi, sanctioned by the EU and US, as the shooter. This is him in the video firing like crazy. pic.twitter.com/xH1Uo6L1wN
— Yuval Abraham יובל אברהם (@yuval_abraham) July 28, 2025
Израелската полиција соопшти дека отворила истрага за „инцидент во близина на Кармел“, нелегална израелска населба која се наоѓа до Ум ал-Хаир.
Инцидентот предизвика нов бран осуда на насилството од страна на израелските доселеници во Западниот Брег, особено во контекст на континуираните обиди за иселување на палестинското население од Масафер Јата, област која е под сериозна закана од протерување веќе две децении.
Извор: aljazeera