Изложбата „Flora Imaginarium“ на Зоран Кардула ќе биде поставена во Македониумот во Крушево

По успешната скопска промоција, визуелниот уметник Зоран Кардула ја носи својата изложба „Flora Imaginarium“ во Крушево, во еден од највпечатливите културни споменици во Македонија – Македониумот. Изложбата ќе биде дел од годинешната манифестација „Десет дена Крушевска Република“.

Flora Imaginarium“ претставува визуелен омаж на имагинарниот свет на растителни форми и органски структури, инспириран од македонската традиција, симболика и визуелни кодови, а произлезен од долгогодишна соработка со еден познат македонски бренд. Кардула ја работел оваа серија изминативе две години, градејќи уникатен визуелен јазик кој ја поврзува природата со модерната естетика.

„Изложбата е резултат на интензивна уметничка и дизајнерска работа, но и на длабоко размислување за тоа што значи македонскиот визуелен идентитет денес. Чест ми е што токму Македониумот – простор натоварен со историја, симболика и борба – ќе биде новиот дом на Flora Imaginarium“, вели Кардула.

Поставката ќе биде отворена во рамки на свеченостите за одбележување на Крушевската Република, и ќе биде достапна за посетителите во текот на целата манифестација.

„Се гледаме на 4 август во 20:30 часот и се надевам ќе уживате“, вели Кардула во објавата на социјални мрежи.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни