„Исламска епиграфија и споменици во Тетово“ издадена стручна публикација на Нусрета Шмрковиќ, кустос советник од Музеј на тетовски крај

Излезе од печат „Исламска епиграфија и споменици во Тетово“, од Нусрета Шмрковиќ, кустос советник од Музеј на тетовски крај, информираат од тетовската национална установа. Ова е нејзина втора стручна книга која нуди увид во спомениците од османлиската сакрална архитектура преку историско-урбанистичкиот развој на градот во периодот од доаѓањето на Турците до Балканските војни.

-При изработка на плановите користени се податоци извлечени од првостепените пишани извори за XV и XVI век, турски пописни книги со вакафнамите од XIV до XVI век на краишките војводи и бегови кои владееле во ова подрачје како и подлоги од постојните регулациони, генерални и детални планови од 1928, 1934 и ГУП од 2003 година за градот Тетово. Вториот дел на оваа книга се однесува на анализа на градските џамии заедно со натписните плочи на епиграфскиот материјал кои со неа чинат една целина, информира авторката Нусрета Шмрковиќ.

Таа посочува дека презентираниот материјал во двете книги настанал како резултат на нејзините истражувања вршени по годишните програми на Музејот на тетовски крај, какви досега не биле правени во Тетово и низ целата држава во целина.

-Дел од овие натписи се зачувани на лице место, почнувајќи од најстарите како оние во Алаџа и Саат џамијата, пренесен или во препис на ликовно впечатливите натписни надгробни плочи, претставува огромна архива во камен со извонредни податоци за луѓето, нивната општествено-економска структура, погледот на светот и односот кон животот и смртта. Селектираниот материјал за презентација на исламската епиграфија во градот Тетово беше поделен во две книги: првата книга ја опфаќа епиграфијата со калиграфијата на градските џамии со систематизација по маала и – втората книга во која е презентирана епиграфијата на градската некропола и која беше издадена во текот на 2024 година. Сите презентирани натписни и надгробни плочи и денес се наоѓаат во градот Тетово, вели Шмрковиќ.

Книгата е преведена на босански јазик од стручниот соработник м-р. Нусрет Чоло, академски калиграф од Босна и Херцеговина, кој направил и транскрипција на калиграфскиот и епиграфскиот материјал на градските џамии, надгробни споменици, натписни плочи и чешми. Публикациката ќе може да се најде наскоро и на веб-страната на Музејот, во Библиотеката „Кочо Рацин“ како и библиотеката на Универзитетот во Тетово.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни