Ликовнaта изложба под наслов ,,INNER FEELINGS“ на уметникот Никола СМилков е дел од кокурсот за финансирање на проекти од национален интерес од културата за 2023 година од областа на меѓународната соработка и ќе биде отворена утре во 18 часот во Македонскиот културен центар во Њујорк.

На изложбата ќе бидат претставени осум скултури во мермер и бронза во галериски формат.
„Смилков своето уметничко дело како од самите негови почетоци да го поврзува со
таинствени нишки со култниот однос кон човечката фигура, особено женската, како центар на
микрокосмичките случувања. За неговиот создавачко-креативен импулс, фигурата претставува
како интуирање на смислата на еден реално даден облик, така и особена загатка со определена
материјална таинственост низ која еманираат ирационални димензии на уметничкото, кое
подразбира, и ликовно, и психолошко, и духовно, со осмислување на важните димензии на
архетипското. Сведена, кубистички поедноставена, во дискурс на минимализмот прецизно обли –
куваната форма, оддава низ призмата на ликовното, необично важни, суштински ознаки на
значењето во самата своја содржина. Претставените женски ликови/ак – тови, кај кои голотијата
останува потисната пред напливот на исказите на различ – ни емоционални состојби
конкретизирани со став или придвиженост, укажуваат на универзалниот симбол на женскиот
принцип, кој озарува со мирноста, топлината, нежноста, но и силата, па однадвор и одвнатре
прави енергетски ‘рбет без кој не се може; создава вдишување без кое би немало издишување. И
не случајно, реали – зирани во материјал каков што е бронзата, материјал со длабока симболика,
тоа е архетипски симбол на женскиот принцип кој зрачи со тактилна префинетост, можна
асоцијација на Големата мајка, на изворот на сиот живот, принципот на исполнетост, било да
станува збор за тага или радост, прастаро дете на времето, суверен на сите духовни нешта, симбол
на сите состојби на космичкиот живот, слободата и обединувањето на сите елементи, и земни, и
небесни (наведнување и издигнување), чувствителноста на срцето (триаголна форма на телото) и
мудроста на умот (квадратна форма на главата) кои придвижуваат цел универзум и го содржат
внатре во себе“, извадок од Ликовна критика на м-р Луција Ѓурашковиќ (истиоричар на уметност).

Никола Смилков е роден 1973 година во Штип Македонија. Студирал на Факултетот за ликовни уметности за уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј „во Скопје, каде што дипломирал, а магистрирал во 2002 година од областа на вајарството во класата на проф. Драган Попоски Дада.
Во 2012 година се стекнув со титула доктор на науки на Педагошкиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, од областа на Методика на ликовно образование. Тој учествувал на многу меѓународни симпозиуми при кои има поставено повеќе монументални скулптури и учество на групни изложби во Австрија, Словенија, Хрватска,Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Турција, Франција, Кина , Египет и Индија. За време на професионалната кариера реализирал неколку неколку студиски посети, вклучително и во Cite De Arts во Париз и Прима Центар во Берлин, завршувајќи ги посетите со самостојни изложби. Во 2021 година, тој беше награден со Гран при на 5. меѓународен биеналале на акт „Марко Крстов Греговиќ“ во Будва, Црна Гора. Како национално признание за неговата уметничко работа, Смилков е двапати наградуван. Во 2008 и 2016 година ја добива Првата награда за скулптурата „Димо Тодоровски“ од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во 2022 година го добива признанието 8ми ноември на град Штип за исклучителен придонес за афирмирањето на Штип како уметник и ликовен педагог.