Иницијатива за враќање на функцијата главен градски архитект

Во холот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери е отворена книга за поддршка на иницијативата за враќање на функцијата главен архитект во градските општини. Оваа иницијатива доаѓа како реакција на долгогодишната алармантна состојба во урбанистичкото планирање и проектирање, со цел да се спротивстави на таканаречениот „инвеститорски урбанизам“, кој континуирано го нарушува квалитетот на урбаниот простор.

Главниот архитект на градот ќе има задача да ги координира политиките за просторен развој и да ја гарантира нивната доследна имплементација. Иницијаторите на оваа акција нагласуваат дека ваквата функција е повеќе од неопходна, особено за Скопје, кое веќе подолг период се соочува со урбанистички хаос, недостаток на стратешко планирање и неконтролирана градба.

Се очекува поддршка од архитекти, урбанисти, инженерски професии, како и од граѓанскиот сектор, со надеж дека ова ќе биде првиот чекор кон поодговорен и квалитетен урбан развој на македонските градови.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни