Илон Макс го купува Тик Ток?

Американскиот Врховен суд треба да донесе одлука за законот кој му дава рок на ТикТок до 19 јануари да го продаде својот бизнис во САД или да се соочи со забрана во земјата.

Кинеските официјални лица ја разгледуваат можноста за продажба на американскиот бизнис на социјалната мрежа ТикТок на Илон Маск, ако компанијата не успее да ја спречи судска забрана на оваа платформа во Соединетите Американски Држави (САД).

Американскиот Врховен суд треба да донесе одлука за законот кој му дава рок на ТикТок до 19 јануари да го продаде својот бизнис во САД или да се соочи со забрана во земјата.

Иако кинеските власти сакаат американскиот бизнис на ТикТок да остане во сопственост на матичната компанија Бајтденс, тие разгледуваат и сценарија за вонредни ситуации, вклучувајќи и продажба на ТикТок на Илон Маск, пренесува Блумберг повикувајќи се на анонимни извори.

Според едно од сценаријата што наводно се разгледува, Масковата фирма Икс (поранешен Твитер) би ја презела контролата врз ТикТок во САД, а двете фирми би ја воделе заеднички деловната активност. ТикТок во САД има повеќе од 170 милиони корисници, што би ѝ помогнало на платформата Икс да привлекува огласувачи. Маск исто така ја води фирмата xAI, која може да има корист од огромната количина податоци од ТикТок.

ТикТок ја демантираше оваа вест и ја означи како „чиста фикција“, нагласувајќи дека нема да го продава својот бизнис во Америка. Платформата Икс сѐ уште не се изјаснила на оваа тема.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни